Belgium
Bosnia_and_Herzegovina
Croatia
France
The-Republic-of-Kosovo
Republic-of-Macedonia
Serbia

Media

449,710 евра за зголемување на патната безбедност во регионот на Југоисточна Европа

Европската Унија и 9 партнери од областа на професионална обука во патниот транспорт се здружија со цел подобрување на квалификациите на професионалните возачи и на системите за обука во Југоисточна Европа.

Во фокусот на новата SEED мултинационална иницијатива за обука, започната во регионот на Југоисточна Европа, е да се зголеми безбедноста на патиштата и ефикасноста на патниот транспорт, преку подобро образование на возачите. Кофинансирана од програмата “Еразмус+” на Европската Комисија, оваа иницијатива ја потврдува важноста на почетната и периодичната професионална обука во секторот за патен транспорт.

Основната цел на SEED (хармонизирани квалификации на професионалните возачи во регионот на Југоисточна Европа) е подигнување на нивото на педагошките и техничките вештини на инструкторите кои вршат почетна и периодична обука на професионалните возачи во Југоисточна Европа, регион за кој “Глобалниот извештај за патна безбедност за 2013” на Светската Здравствена Организација известува за повисока стапка  на сообраќајни несреќи во споредба со останатиот дел од земјите во ЕУ.

Девет партнери (1) од областа на обуката во патниот транспорт ги здружија ресурсите за да изготват програма за обука за возачите и инструкторите во регионот, со поддршка од околу 449,710 евра обезбедени од страна на Европската Комисија.

“Со проектот SEED, ќе промовираме иновативни и интерактивни педагошки пристапи за трајно образование, а истовремено ќе изнаоѓаме нови стратегии за обука и учење во областа на професионална квалификација во патниот транспорт. Ќе организираме пилот обуки, национални работилници и други настани за зголемување на свесноста во секоја од земјите-партнери. Сите сме свесни за важноста на предизвиците во индустријата за патен транспорт, и подготвени сме да ги инвестираме сите расположиви ресурси, знаење и заложби за да развиеме масовен и модерен систем за едукација кој ќе биде во согласност со меѓународните стандарди, како и со стандардите на ЕУ за квалитет” истакна Велибор Пеулиќ, регионален координатор на SEED проектот.

(1) Партнери во проектот се: ИРУ Пројектс (Белгија), Центар за образовање Широки Бријег (Босна и Херцеговина),  ПОУ АМЦ Нова Градишка, ОРИКС Група, ЕКОмобилис (Хрватска), Група Промотранс (Франција), Колеџ Темпули (Косово), АМЕРИТ (Македонија) и Стопанска и Индустриска Комора на Србија (Србија).

European-Union
IRU
International-transport-forum

Partners video material